Грчките медиуми објавија нова застрашувачка снимка од хрватски хулигани, која е снимена непосредно пред почетокот на дивите нереди во кои загина 29-годишен навивач на АЕК.
На видеото што го објави грчки „Стар“ може да се види поголема група вооружени хулигани на Динамо како се впуштаат во својот крвав поход.
„Ова е ударната бригада која сееше смрт“, напиша Стар во описот на видеото.
Тие додадоа дека видеото покажува „одред на смртта во кој имало повеќе од 100 вооружени убијци, навивачи на Динамо“.
Најшокантно во целата приказна е тоа што наводно ги снимала полицијата, која не направила ништо за да ги спречи страшните немири кои се случија во понеделникот вечерта во населбата Нова Филаделфија.
Да потсетиме, во понеделникот доцна вечерта хулиганите на Динамо Загреб предизвикаа страотен нереди пред стадионот на АЕК во Атина. Хулиганите скршија се во ред и напаѓаа луѓе кои случајно се нашле таму, а во крвава пресметка која ја запрепасти Европа животот го загуби несреќниот Михалис Кацурис.