Се појави и видео снимка: Турскиот фудбалер претекнувал и загубил контрола врз возилото (ВИДЕО)

Голема сообраќајна несреќа се случи во близина на Анкара, при што животот го загуби поранешниот турски репрезентативец Ахмет Чалик.

Првите информации на медиумите се дека трагата на запирање била долга 135 метри и Чалик најверојатно поради преголема брзина загубил контрола врз автомобилот по што излетал од патот.

Google search engine

Патот бил влажен поради дождот, а тоа не го спречило турскиот фудбалер да претекнува камион со огромна брзина, по што излетува од патот и го губи неговиот живот.