Се појави фотографија од Кејт Мидлтон од погребот на кралицата, за која велат дека е СКАНДАЛОЗНА

Иако поминаа речиси три дена од погребот на кралицата Елизабета Втора, сепак впечатоците не се смируваат, а јавноста не престанува да го анализира секој детал од овој историски настан.

Јавноста, очекувано, најмногу ја заинтригира односот меѓу членовите на кралското семејство, а особено начинот на кој сите се однесуваа кон принцот Хари и Меган Маркл, која своевремено се откажа од сите кралски должности и се пресели во Америка.

Google search engine

Megan Markl

Очигледно е дека помирувањето не се случи – Меган и Хари не присуствуваа ниту на приемот пред самиот погреб, а војвотката од Сасекс беше на видлива дистанца од сите на погребот. Дека ни британската јавност не и е наклонета на Меган, јасно се гледа по дискретните забелешки во официјалните медиуми, па дури и во телевизиските емисии, но и со разни мемиња, фотографии и коментари на социјалните мрежи.

На пример, на самиот погреб камерите во неколку наврати успеаја да ја фатат Меган со солзи во очите, а набрзо токму поради тоа беше мета на жестоки критики. Малкумина веруваа дека тоа е искрена реакција, бидејќи ја обвинија за лажни солзи и извонредна глума.

Од друга страна, од погребот се појави фотографија од Кејт Мидлтон каде таа е насмеана додека разговара со еден од свештениците, но јавноста набрзо и прости на штотуку венчаната принцеза од Велс, а оваа ситуација не се споменува многу.

Се разбира, Кејт веројатно само сакаше да биде љубезна, но обожавателите на Меган Маркл набрзо се запрашаа што ќе се случеше ако ситуацијата беше обратна? Дека Кејт беше таа што плачеше, а Меган беше таа што се смееше?

princ Hari, Megan Markl

„Само замислете го срамот и хаосот ако Меган Маркл се појави на погребот на кралицата и се осмели да се насмее“, гласи реченицата која кружи на Инстаграм и Твитер.

И навистина – ако Меган се насмеаше за време на погребот на кралицата, практично ќе беше „распната“ во јавност, многу полошо отколку што беше за солзи, а Кејт ќе беше прославена дури и ако испуштеше и пушти неколку солзи за време на погребот.