Се појави фотографија од човекот со најдолг нос на светот, бил долг неверојатни 19 центиметри!?

Фотографија од човек кој живеел во 18-от век одеднаш стана популарна на социјалните мрежи, а прикажува маж кој бил сопственик на најдолгиот нос на светот, долг неверојатни 19 центиметри.

Има безброј необични светски рекорди кои се признаени во Гинисовата книга, а кои се поврзани со човечкото тело. Од највисоката до најниската личност, оние со најдолги мустаќи, нокти, трепки, до оние со најдолги раце или стапала.

Google search engine

Меѓутоа, ако некогаш сте се запрашале која е личноста со најдолг нос и како таа изгледа, тогаш оваа објава особено ќе ве заинтересира.

Најдолгиот нос на светот му припаѓал на англискиот циркуски изведувач Томас Ведерс, познат и како Томас Вадхаус. Неговата фотографија се појавила на Твитер профилот „Historic Vids“, потсетувајќи ги луѓето на приказната за човекот чиј нос бил долг цели 19 центиметри.

На фотографијата е всушност прикажана восочната фигура од Томас која се наоѓа во музејот „Ripley’s Believe It or Not!“.

Деталите за животот на Томас не се познати, меѓутоа се верува дека циркусантот починал во Јоркшир во раните 50-ти години. Неговиот нос би се сметал за екстремен случај на хипертрофија – медицински термин за абнормално зголемување на некој орган, дел или ткиво поради зголемување на големината на клетките што го сочинуваат.

Дека Томас е далеку ненадминлив во „трката“ за најдолг нос на светот зборува и податокот дека овој рекорд, меѓу живите луѓе, моментално му припаѓа на Турчинот Мехмет Озјурек. Неговиот нос е долг 8,80 центиметри, а е верифициран пред една година, поточно на 13 ноември 2021 година.