Лазански вели дека, според неговите информации, рускиот претседател Владимир Путин сè уште не реагирал на плановите на Брисел.
На состанокот на високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика, Жосеп Борел и министрите за надворешни работи на земјите-членки, беше одлучено да се воведат санкции против руски официјални лица за кои Брисел тврди дека се одговорни за репресијата на опозицискиот лидер Алексеј Навални.
На листата која ја предлага Жосеп Борел треба да има четворица руски функционери, вклучително и државниот обвинител и шефот на руската федерална затворска служба.
Санкциите ќе бидат воведени за една недела, со што според Борел за прв пат ќе се примени глобалниот режим на човекови права на ЕУ. Тој забележува дека за прв пат не се користат само вербални осуди, туку и конкретни мерки.
Германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас рече дека ЕУ мора да реагира во случајот Навални, но дека треба да остане отворена за дијалог со Москва за Сирија, Либија и пандемијата со коронавирусот.
Српскиот амбасадор во Москва Мирослав Лазански вели дека, според неговите информации, рускиот претседател Владимир Путин сè уште не реагирал на тој чин на Брисел.
Тој проценува дека причина за воведување санкции е неуспешната посета на министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел на Москва пред околу десетина дена, што, според Лазански, беше доста непријатна средба за така висок функционер од Брисел, бидејќи тој доживеа доста непријатности во текот на разговорите во Москва.
На Борел не му беше дозволено да се состане со опозицискиот лидер Алексеј Навални, кој беше осуден на две и пол години затвор.
На Запад, случајот е исполитизиран и воведен е нов термин-механизам за заштита на човековите права, што, како што тоа го разбира Лазански, треба да значи дека Брисел си дава право да се меша во внатрешните работи на која било земја во светот.
Според неговите зборови, воведувањето санкции се чини дека е недостаток на конкретна политика на ЕУ кон Русија.
Лазански вели дека е интересно што санкциите имаат за цел замрзнување на наводните сметки на службени лица во банките на територијата на ЕУ, а тие сигурно ги немаат тие сметки во ЕУ.
Ова е пропагандно-психолошко спинување каде што тие се обидуваат да инсинуираат дека командантот на Руската гарда, кој има 800.000 војници, има пари во западните банки, вели Лазански и додава дека тоа е забрането и за функционери од средно ниво.
Лазански потсетува на изјавата на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, дека какви било санкции на ЕУ што ќе ги погодат виталните делови на економијата на земјата, ќе доведат до прекинување на дипломатските односи со Брисел.
Од друга страна, тој го посочи фактот дека во моментот работат четири илјади германски компании на територијата на Русија, додавајќи дека е сигурен дека никој не сака да го загрози нивниот бизнис.
Превземено од vocentar.com