Се подготвува модел на скалесто плаќање на струјата од први јули

Укинувањето на евтината дневна тарифа беше неизбежно, затоа што на долг рок беше неодржливо. Во време на енергетска криза, државата дневно, тие 2 часа евтина тарифа ја чинеа 100 илјади евра, вели првиот човек на Регулаторната Комисија Бислимовски за Сител.

“Купуваме за 15 денари, плус маржа 2 денари, значи 17 денари, а ја продаваме на крајните потрошувачи за 3,5 денари, тоа е разлика од 13,5 денари или 100 илјади евра дневно”, изјави Бислимовски.

Реклама

Веќе се прават измени, кои ќе стартуваат од 1 јули – побогатите да плаќаат повисоки сметки за струја. Моделот на скалесто плаќање се подготвува.

Бислимовски уште еднаш потврди дека струјата поскапе за 9,48%, обвинувајќи ја опозицијата дека шири невистини дека вистинското зголемување ќе биде 15%.

“Намерно се предизивикува стрес кај граѓаните. Од почетокот бевме отворени и презедовме чекори со цел струјата да не предизвика ценовен шок. Затоа повторувам дека цената на струјата ќе се зголеми за 9,48%. Секое домаќинство си има различна просечна цена на потрошувачка. Би ја замолил само опозцијата да се држи до факти. Бев обвинуван за изјави од 2017 година, а сум претседател на РКЕ од јуни 2018 година. Само барам да не кажуваат лаги и невистини, а друго е нивно и можат да си коментираат”, рече Бислимовски.

Реклама