Се ограничува продажбата на масло за јадење: Нема веќе купување пакети зејтин по маркетите

Од 13.04.2022 година на секој поединечен купувач кој ќе купува масло од сончоглед за јадење во трговските објекти, во текот на денот ќе биде ограничена продажбата на мала количина во единечно пакување.

Се препорачува да не се дозволува продажба на масло од сончоглед за јадење во големи количини односно количини пакувани во пакети, објави министерот за економија Крешник Бектеши.

Google search engine

Министерството за економија во текот на вчерашниот ден достави известување до сите трговци со кое ги известува дека поради поради значајниот пораст на купување на масло од сончоглед за јадење од страна на домашни купувачи во однос на редовната потрошувачка на маслото од сончоглед за јадење во домаќинството, како и странски купувачи, со што се нарушува редовното снабдување на домашниот пазар.

За да се одржува тековната состојба на домашниот пазар со масло од сончоглед за јадење во продавниците и да се избегне пореметувања од непотребна појава на недостаток на масло од сончоглед за кај трговците на мало, ограничувањето по купувач ќе важи до 31 мај 2022 година.

Се замолуваат трговците на мало во случај кога купувач бара да купи поголеми количини на масло од сончоглед за јадење во текот на денот, веднаш да го известат Државниот пазарен инспекторат.