Се огласи сопственикот на автомобилот во кој почина Дајана! После 25 години се откри целата вистина

Жан-Франсоа Муса, бил сопственик на фирма за изнајмување лимузини, а меѓу останатото и автомобилот во кој почина принцезата Дајана на 31 август, 1997 година.

Тој сега бара од власта да му го врати автомобилот кој законски му припаѓа, но не може да дознае ниту каде се наоѓа.

Google search engine

„Немам поим каде е автомобилот. Сè што знам е дека е законски мој и го сакам назад. Требаше досега да биде вратен, но тоа се покажа како невозможно. Секогаш целосно го поседував. Не беше подложен на никакво финансирање“, рекол Муса непосредно пред 25-годишнината од смртта на Дајана.

Жан објаснил дека кралското семејство секогаш зборувало дека е подобро автомобилот да се отстрани, иако тој рекол дека сака да биде изложен во американски музеј во чест на Дајана.

Автомобилот бил преместен

Интересно е дека автомобилот во 2017 година бил во полициска станица во транспортен контејнер, а потоа бил преместен.

„Тука се чуваше, но беше преместен пред неколку години. Не знам каде е. Ќе мора да го прашате градоначалникот на Париз“, изјавил за „Мирор“ еден работник.

Француската судска истрага која траела 18 месеци, открила дека за несреќата во која починаа Дајана (36), Доди Фајед (42) и возачот Хенри Пол (41), ја предизвикал Пол, кој бил пијан и на антидепресиви, губејќи контрола додека брзо возел.

Истрагата од 2008 година во Лондон покажала дека Дајана и Доди биле жртви на убиство предизвикано од крајно невнимателно однесување. Со тоа е ставен крај на тврдењата на таткото на Доди, милијардерот Мохамед Ал-Фајед, дека несреќата била заговор оркестриран од МИ6 по налог на кралското семејство.

„Немало никаков заговор. Ова била рутинска сообраќајна несреќа – од која сите стравуваме. Сето тоа е многу тажно“, изјавил Муса.