Премиерката на Финска, Сана Марин, во изминатите денови е во центарот на вниманието на јавноста поради видеоснимките од нејзиниот приватен живот.
Една од последните снимки ја прикажува Марин како танцува заедно со музичарот Олави Уусивирта во ноќен клуб во центарот на Хелсинки.
Прегрнувајќи се, Марин и 39-годишниот Уусивирта покажале одредена блискост, а некои сметаат и дека музичарот во еден момент ја бакнал Марин во вратот, што дополнително ја „разгоре“ јавноста поради фактот што премиерката е во брак.
A new video of Prime Minister Sanna Marin’s “party scandal” appeared in Finland today.
Seiska writes that Marin, who is married and has been in that relationship for 18 years, was seen in many questionable situations.
Iltalehti has a sound expert confirming “flour-gang”. pic.twitter.com/Nj5A71R8Rd
— Visegrád 24 (@visegrad24) August 19, 2022
Финецот кој минатата година се развел од сопругата, по повод ваквата ситуација се огласил на својот Инстаграм профил:
„Во јавноста многу се шпекулираше за природата на односот помеѓу мене и премиерката Сана Марин. Рака на срце, можам да ја кажам само вистината – ние сме пријатели и ништо непримерно не се случи“, вели Олави.
Тој исто така додал дека нема јавно да ја коментира спорната ситуација.
И Марин на конференцијата за медиуми која ја организираше во петокот, одговори на прашањата кои ја интересираат јавноста.
„Не се сеќавам дека некој ме бакнал во врат. Го видов видеото и се чини дека тој нешто ми кажува. Вистина е, во брак сум и мислам дека тоа се нешта кои спаѓаат во мојот приватен живот и нема понатаму да ги коментирам. Мислам дека на таа видеоснимка не се гледа ништо непристојно“, изјави премиерката.
Таа додала и дека со сите свои пријатели се прегрнува и се бакнува во образ.
„Тие се мои пријатели и блиски луѓе. Тука немаше ништо непристојно или било што што мојот сопруг не го знае“, вели финската премиерка.