Црногорецот Горан Влаовиќ (38), наводен припадник на Шкаљарскиот клан, кој според неофицијални информации бил убиен од Србин на островот Паг во Хрватска, бил на одмор со својата девојка модел Драгана Баниќ.
Поранешната мисица контактирала со медиумите и потврдила дека нејзиното момче е убиено и дека заедно биле на одмор.
– Дојдовме на одмор на островот Паг. Не знам точно што се случи. Не го видов тој момент, но бев со него во итната медицинска помош. Се чувствувам ужасно. Се чувствувам многу лошо – изјави Драгана која две и пол години беше во врска со убиениот Горан.
Моделот не можеше многу да зборува поради шок.
– Сè е вистина. Многу ми е лошо, не сум добра, сфатете ме – во солзи објаснуваше несреќната девојка која практично беше сведок на смртта на своето момче.
Како што претходно објавивме, Горан Влаовиќ е убиен утрово околу 6 часот кога, како што се сомнева, бил застрелан во главата од наш државјанин. До доаѓањето на итната помош, гостите од локалот во кој се пукало се обидувале да му помогнат на несреќниот Црногорец.
За жал, Горан починал во возилото на брза помош на пат кон болница, додека Србин набрзо бил уапсен како осомничен. Засега не е познат мотивот за убиството.