Еден од лидерите на заедницата Кјуанон од Аризона, Џејк Анџели, дефинитивно е една од најимпресивните фигури на насилниот упад на приврзаниците на американскиот претседател Доналд Трамп во Конгресот.
Припадниците на оваа заедница веруваат дека претседателот Трамп води тајна војна против моќниот ланец на сатанистички педофили и против луѓе-гуштери, кои според нив управуваат со светот.

Тој се појавил во понеделникот на федералниот суд во Финикс. Џејкоб Ченсли, исто така познат како Џејк Анџели, имал телефонско јавување, поради тоа што е во карантинско одделение во казнена установа.
Ченсли, кој е од Финикс, се предал на ФБИ, кога се вратил од Вашингтон за викендот. Обвинет е за нелегално влегување во зградата и за неодоговорно однесување на теренот на Капитол.
Неговата мајка била во судницата во понеделникот, кога рекла дека тој ништо не јадел од петокот, бидејќи е на органска диета.

„Тој ќе се разболи ако не јаде органска храна“, рекла Марта Ченсли.
Неговата мајка вели дека на нејзиниот син во притворот, каде завршил откако со толпа упаднал во зградата на Конгресот во Вашингтон, не му даваат органска храна. Па, тој не јаде.
Таа додала и дека нејзиниот син е патриот и најнежната личност која ја познава.