Се одземаат возила според новиот прекршочен закон

26 возила биле одземени од страна на полицијата откако стапи во сила новиот Закон за безбедност во сообраќајот. Станува збор  за нерегистрирани, стари возила кои ја нарушуваат безбедноста, но и возила кои испуштале чад и ја загадувале околината.

Со новиот Закон полицијата ваквите возила ќе може да ги задржи максимум до три дена.

Google search engine

-Секое возило кое што создава прекумерна бучава или кое што испушта очигледни издувни гасови што ја загадуваат животната средина може да биде одземено или исклучено од сообраќај и да се утврди преку вештачење кои проблеми ги има тие возило и дали понатаму ќе може да продолжи, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Министерот појаснува дека најважно е што ќе се одземаат нерегистрираните возила кои всушност се и најголема опасност во сообраќајот.

Во последните неколку месеци полицијата спроведува засилени акциски контроли во сообраќајот, па во билтените на МВР често може да се види висок број на пропишани казни. Надлежните велат дека во минатата година за 40 отсто е намален бројот на сообраќајки кои резултирале со смрт. Сепак, мора да се има предвид дека речиси цела година поради пандемијата од Ковид во сила се рестриктивни мерки, а пролетта ограничено беше и движењето низ цела Македонија.

- АУДИО РЕКЛАМА -

WordPress хостинг со врвни перформанси за веб страни кои значат бизнис. 24/7 телефонска подршка.