Се очекува одговор од Владата: Додека другите земји ја суспендираат вакцината „АстраЗенека“, во Македонија истата треба да пристигне

Сведоци сме дека во изминатиов период наголемо се зборува за суспендирањето на вакцината „АстраЗенека“ од поголем дел од земјите, што ќе се случува во нашата земја по тоа прашање со оглед на тоа што вакцината е веќе нарачана?

Како дел од причините поради кои што земјите ја суспендираа вакцинацијата со „АстраЗенека“ се споменуваат неколку симптоми: ниско ниво на тромбоцити во крвта, создавање грутки во помалите и поголемите крвни садови, како и крварење, соопшти „Ројтерс“.

Google search engine

Од друга страна, од компанијата „АстраЗенека“ објавија дека прегледале голем број луѓе вакцинирани со нивната вакцина и дека нема докази за зголемен ризик од згрутчување на крвта.

Кои се дел од земјите кои ја суспендираа вакцинацијата со „АстраЗенека“?

Дел од земјите кои што досега ја суспендираа вакцинацијата со „АстраЗенека“ се следните: Италија, Данска, Естонија, Литванија, Луксембург, Ирска, Германија, Холандија, Данска, Норвешка, Исланд, Франција, Италија, Шведска…

Во врска со ова, министерот за здравство на Австрија, Рудолф Аншобер, побара што е можно поскоро став на надлежните европски органи за заедничко европско дејствување.

„За време на вакцинацијата, се договоривме за заедничка европска акција. Затоа националната солидарност не е ефикасна, ниту придонесува за создавање доверба“, нагласи Аншобер.

„АстраЗенека“ денес објави дека се согласила да им испорача на САД до половина милион дополнителни дози од своето експериментално комбинирано лекување против Ковид-19 на база на антитела во вредност од 205 милиони долари, пренесува „Ројтерс“.

Денеска состанок на експертите на СЗО за вакцината на „АстраЗенека“

Експертите од Светската здравствена организација (СЗО) ќе се состанат денеска за да разговараат за вакцината на „АстраЗенека“, чија употреба е суспендирана во повеќе европски земји, поради страв од згрутчување на крвта.

„Не сакаме луѓето да паничат и, засега, препорачуваме земјите да продолжат да се вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“. Досега не најдовме врска помеѓу пријавените случаи и вакцината“ рече научникот од СЗО, Соумја Сваминатан.

„ЕМА “во четврток одржува вонреден состанок за вакцината од „АстраЗенека“

Европската агенција за лекови објави дека ќе одржи вонреден состанок во четврток, бидејќи повеќе земји престанаа да користат вакцина од компанијата „АстраЗенека“ поради стравувања поврзани со коагулација на крв, истакнувајќи дека придобивките од вакцината сепак се поголеми од ризиците.

„Комитетот за безбедност на „ЕМА“ утре поблиску ќе ги проучува информациите и ќе свика вонредна седница во четврток, 18 март, за да извлече заклучоци од собраните информации и да предложи други мерки што може да бидат потребни“, се вели во соопштението на агенцијата.

КОВАКС механизмот на седница на Владата на РМ

На денешната седница на Владата на РМ се очекува да се дискутира за прашањата поврзани за вакцините кои треба да стигнат во земјата вреку КОВАКС механизмот.

Тоа вчера го најави и министерската за одбрана Радмила Шекеринска:

„Знам уште од претходно дека сите услови кои се бараа во делот на КОВАКС механизмот како држава одамна ги исполнивме. Уште во самиот почеток на овие подетални разговори околу користење на механизмот бевме посочени како држава која ги исполнува условите“.

Од ГАВИ, задолжени за КОВАКС механизмот вчера за „МИА“ не договориле прецизно дали Македонија ги исполнува условите да добие вакцини:

„За дозите да можат да се испорачаат до учесниците на програмата преку оваа прва рунда на испорака, повеќе критични делови мора да бидат присутни, вклучително потврда на националните регулаторни критериуми за авторизација поврзани за испораката на вакцини, договори за обесштетување (за сите учесници со секој производител), национални планови за вакцинација како и логистички фактори како лиценци за извоз и увоз“.