Пејачот Елтон Џон од 2005 година e во истополова заедница со својот партнер Дејвид Фурниш со кој има две деца.
Меѓутоа, долго време му требало да му признае на светот дека е хомосексуалец. Имено, тој во 1976 година се изјаснил како бисексуалец иако многу од неговите пријатели биле убедени дека е хомосексуалец. А, тоа тој јавно го признал во 1988 година, после разводот од неговата сопруга.
Рената Блауел и Елтон Џон се запознале во 1983 година во Лондон, додека тој го завршуваш својот албум „Too love for zero“. За помалку од една година подоцна, на австралиската турнеја го придружувала токму таа која во тоа време била негова блиска пријателка.

Наредната година во февруари, Елтон Џон ја запросил во една прилика во индиски ресторан, а венчавката била одржана само три дена подоцна.
Блискиот пријател на Елтон и текстописец, Берни Таупин, подоцна изјавил дека на венчавката видел дека пејачот сака семејство. А, мајката на славниот музичар навела дека на младенците ќе им подари количка за бебе како свадбен подарок.
Нивната венчавка се одржала во Австралија, а кум им бил Џон Рид, тогашниот менаџер и поранешен соработник на Елтон Џон.
Како што пренеле медиумите, момчето на Елтон, Клар ја набљудувал венчавката низ прозорец од хотел. Четири години подоцна Рената и Елтон одлучиле да се разведат.

Рената практично исчезнала од очите на јавноста, а од тогаш ретко јавно зборувала за бракот со пејачот. Извештајот во магазинот „People“ од 1988 година вели дека разводот чинел 45.000.000 долари. Рената долго време не зборувала за разводот затоа што сите ги убедувала дека истиот бил пријателски и дека навистина имаат намера да останат најдобри пријатели со Елтон.
Магазинот исто така известил дека Елтон ѝ купил на Рената куќа во која живеела до 2000 година кога се верува дека се вратила во својата родна Германија за да се грижи за своите родители.

„Зависник од дрога размислува вака. Имав доволно момчиња, а тоа не ме направи среќен, па ќе имам жена – тоа сѐ ќе смени. И, ја сакав Рената. Таа е прекрасна девојка. Навистина, навистина ја сакав. Но, знаете… Тоа е една од работите поради кои најмногу жалам во својот живот, што ја повредив“, раскажал Елтон во интервју за „The Australian“.
Меѓутоа, Рената во една прилика ги изнела деталите од нивниот брак и кажала дека се обидела да се самоубие веќе во текот на четвртиот ден од нивниот брак, во текот на медениот месец.

Рената изјавила дека консумирала голема доза на диазепам откако пејачот ѝ кажал дека нивниот брак не функционира и дека сака да ја напушти, и тоа три дека откако стигнале во Сен Тропе, каде требало да уживаат во нивниот меден месец.