Се нашле во Торино: Шоу на Новак и Ибрахимовиќ

Фудбалерот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ја искористи приликата да дојде во Торино и да го поздрави Новак Ѓоковиќ во неделата кога најдобриот тенисер на светот се бори за трофејот на Завршниот Мастерс.

Искусниот шведски напаѓач му вети и скудето на Ѓоковиќ, кој е страствен навивач на Милан, кое Росонерите го чекаат повеќе од една деценија, а во еден момент го отпеаа и познатиот српски хит „Јутро је“ на Нада Топчагиќ.

Google search engine

Во тој момент имаше доста навивачи на Милан кои ја искористија приликата да го „нападнат“ Ибра и да го прашаат што ги интересира.

На прашањето дали Милан ќе ја освои титулата во Серија А, Ибра со карактеристична насмевка го крена палецот.

Средба со Ѓоковиќ следеше непосредно по победата на Србинот над Каспер Руда.

Како што пренесува Газета дело спорт, Ибрахимовиќ и Ѓоковиќ најмногу зборувале српски, но користеле и нешто италијански.