Во вчерашното гостување на ТВ Телма, мандатарот Димитар Ковачевски најави дека ќе се направи анализа во однос на начинот на кој беше пресретната енергетската криза во државата.
„Веднаш побарав листа на сите советници. Гледам дека според називите не се сите советници. Можеби некој врши линиска работа во текот на работниот ден. Мојот иден шеф на кабинет го заложив да подготви еден извештај во кој ќе се видат резултатите на советниците“, додаде Ковачевски.
Инсаку, мандатарот Димитар Ковачевски вчера во гостувањето на ТВ Телма објави дека преговара со две угледни македонски експерки кои работат во Англија и Германија како можни советнички во екот на економската и енергетска криза која ја зафати и државава.
„Меѓу новите советници ќе биде наша Македонка, професорка на „Ворвик“, бизнис школата во Англија, која ќе биде советник за финансии, која е еден од најголемите светски експерти во делот на корпоративните финасии и даночната сфера. Ќе ни биде од голема помош. Во план сум да разговарам со уште една Македонка, која е дел од Берлинскиот универзитет во областа на енергетиката“, соопшти Ковачевски во емисијата „Топ тема“.