Пукнатината е сместена на границите на три тектонски плочи кои постепено се оддалечуваат една од друга веќе некое време.
Научниците открија дека два делата од копното, кои го сочинуваат вториот најголем и вториот најнаселен континент на глобусот, почнала да се разделува.
Со тоа се отвора пат за цел нов океан да мине низ тој процеп.
Така земјите како како Замбија и Уганда би можеле еден ден да имаат свој брег доколку копнената маса продолжи да се разделува.
Според угледното списание „Геофизички истражувачки писма“, геолозите успеале да потврдат дека се создава нов океан додека африканскиот континент се дели на пола.
Научниците успеале да го пронајдат точното место на кое, многу длабоко под земјата, прв пат се отворил континентот чија површина е повеќе од 30 милиони квадратни километри, пишува „Unilad.com“.
Пукнатината е сместена на границите на три тектонски плочи кои постепено се оддалечуваат една од друга веќе некое време. Геолозите укажале дека овој комплексен тектонски процес ќе ослободи места за сосема ново водено тело милиони години од денес.
Научниците откриле дека пукнатината, позната како Источноафрикански ров, моментално е долга околу 55 километри откако прв пат се појавила во 2005-та година, во пустините во Етиопија.
„Ова е единствено место на Земјата на кое може да проучувате како континенталното копно станува океан“, рекол Кристофер Мур од Универзитетот Лидс.
Тој со помош на сателитски радарски технологии ја следел вулканската активност на источноафриканскиот регион која најчесто се поврзува со постепениот распад на континентот. Пукнатината се наоѓа на границата на африканската, арапската и сомалиската тектонска плоча, а последните 30 милиони години арапската плоча полека се одвојува од африканскиот континент. Научниците со помош на GPS инструменти успеале прецизно да ги измерат поместувањата во земјата.
„Со GPS мерење можете да ги измерите стапките на движење до неколку милиметри годишно“, рекол Кен Мекдоналд, поморски геофизичар и професор на Универзитетот Калифорнија.
Колку повеќе добиваме мерења со „GPS“, толку подобро сфаќаме што се случува. Аденскиот залив и Црвеното море се ќе го преплават регионот Афар и Големата раседна долина и ќе стане нов океан, а тој дел од источна Африка ќе стане сопствен одвоен мал континент.
Africa: New Ocean Forming, to Split Africa Into Two, Scientists Say
https://t.co/EqY0Wzk0Ei— Live Monitor (@amlivemon) February 21, 2023
Трите тектонски плочи се одвојуваат една од друга со различни брзина, но Мекдоналд вели дека арапската се одвојува од африканската со брзина од 2,5 центиметри годишно.
Африканската и сомалиската плоча се одвојуваат со побавно темпо, околу 5 милиметри секоја година.