Од досега пристигнатите податоци во Државната изборна комисија, направен е пресек на државно ниво за бројот на освоено гласови за градоначалници.
Па така, опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ со 40.420 гласови е пред СДСМ, а ДУИ со над 38 илјади гласови е пред Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Доколку се споредат податоците со минатите изборни циклуси, СДСМ само во скопските општини има загубено над 38 илјади гласови.
Околу 50 илјади збирна предност има и ВМРО-ДПМНЕ и на советничките листи, а 10.505 гласа е најголемата разлика во гласови меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во Кавадарци.