Цунамито предизвикано од вулканска ерупција на архипелагот Тонга предизвика „значителна“ штета во Нукуалофа, главниот град на архипелагот, изјави денеска премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн, додавајќи дека заканата сега е прогласена за надмината.
Светот го обиколија стравотните сцени од луѓето кои панично бегаат пред огромните бранови, а водата со себе носи автомобили и куќи. Меѓутоа, во морето од видеа едно се истакна по својата бизарност.
На снимката, во моментот кога се исчекува ударот од опасното цунами, еден човек со тупаници удира во палма, додека луѓето околу него прават селфи.
When showing off during a tsunami warning goes wrong
#tsunami #Tonga #TongaVolcano pic.twitter.com/13gyJ3HSQZ
— David Harley (@sharkbaitza) January 15, 2022
На снимката се гледа како тие се качуваат на едно издигнато место, додека момчето удира во палмата. За тоа време жената снима, а двете момчиња се искачуваат, додека едно од нив прави селфи.
Набрзо водата стигнува до нив, па ги носи со себе. За среќа сите од нив успеале да се задржат на гранките додека брановите се движеле накај нив.
Tsunami videos out of Tonga 🇹🇴 this afternoon following the Volcano Eruption. pic.twitter.com/JTIcEdbpGe
— Jese Tuisinu (@JTuisinu) January 15, 2022