Сцена која ја згрози јавноста: Пејачка поканила фан на сцената и уринирала врз него (ВИДЕО)

Бендот „Brass Against“ се соочува со негативни реакции од публиката откако нивната пејачка ги соблекла панталоните и долната облека пред публиката.

Во текот на фестивалот „Welcome to Rockville“ во Флорида, пејачката Софија Уриста од бендот „Brass Against“ во текот на изведувањето на песната „Wake Up“ од култниот рок состав „Rage Against The Machine“, ги соблекла панталоните пред публиката и поканила маж од првиот ред да се качи на сцената за да уринира врз него.

Мажот се качил на бината, а потоа легнал, додека пејачката стоела над него. Публиката присуствувала на една од најодвратните сцени бидејќи Уриста го исполнила своето ветување.

По ваквиот инцидент, бендот се огласил на Твитер:

„Одлично си поминавме вчера на ‘Welcome to Rockville’. Софија се занесе. Тоа не е нешто кое останатиот дел од бендот го очекуваше и не е нешто што ќе го видите повторно на нашите настапи“, стои во објавата.

Но, и покрај острите критики поради бизарната сцена, „Brass Against“ продолжува со својата турнеја.