Самсунг се здружи со Дискавери и заедно снимиле краток документарен филм за тигрите.
Станува збор документарецот под името “Eye To Eye With a Tiger”, кој е снимен со смартфонот Galaxy S21 Ultra. Документарецот го снима фотографотЈашаса Нарајага за време на неговата посета наНационалниот парк Рантамбора со цел да го сними преубавото, но загрозено животно, тигарот.
Проектот е со добра цел, а тоа е да се подигне свеста за уништувањето на шумите, ловокрадството и прекумерното ловење на плен односно тигрите при што нивната популација се намалува.
Проектот ќе го поддржи и Project Conserving Acres for Tigers, зад кој стојат WWF и Discovery. Моментално постои заштитен простор за тигри во Индија, Бутана и Русија.
На Нарајагаму се придружил и режисерот Викрам Синх, а тие правеле фотографии и снимале видеа во паркот користејќи ја камерата на смартфонот Galaxy S21 Ultra.
“Со моќта на снимањето и убавината на овие животни ќе им помогнеме на луѓето да ги доживеат тигрите на посебен начин. Фотографиите и видеата од тигрите во дивина можат да помогнат во едукација и поврзување со глобалната публика. Мора заедно да работиме за да направиме промени и да ја осигураме иднината на овие големи мачки”, рекол Синх.