Само Ибрахимовиќ слави вака: Незаборавен 40-ти роденден со Нада Топчагиќ како специјална гостинка

Златан Ибрахимовиќ вчера наполни 40 години, возраст на која голман тешко останува активен во фудбалот, освен ако не се вика Џиџи, а не па напаѓач.

Го славеше во хотел во Милано, а чест му направија гости од Рим, Париз, Манчестер па се до Босна и Херцеговина.

На роденденот од поранешните соиграчи му дојдоа Касано, Гатузо, Одо, Амброзини, Ѕамброта. На авион се качија Верати и Сиригу, како и Пол Погба, а тука е се разбира и неговиот агент Мино Рајола.

Вечерта стартуваше исто како Сан Ремо со „Јутро је“, ама овој пат во изведба на Нада на лице место.

И сè беше во знакот на Ибра

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nada Topcagic (@topcagicnada)

Инаку специјално од Рим до Милано му донесоа риба, која Златан многу ја сака и тоа лично од газдата на ресторанот Џони Микалузи.

Се работи за место каде доаѓаат многу славни фаци. На неговиот профил на Инстаграм ќе го видите сликан со Ал Пачино, Бочели, Ријана, Михајловиќ, Тоти и уште многу други.

Претходно роденденот му го одбележа и клубот.

А легендарниот Ибра си го честиташе сам на себе во свој стил. Со купи Ферари и напиша: Среќен роденден Златан.