Не очајувајте доколку не сте во можност да ја решите загатката – велат дека во тоа успеваат само луѓето кои логички размислуваат.
Станува збор за логички тест за кој се тврди дека може да го решат само 2 отсто од луѓето.
Се нарекува по славниот физичар Алберт Ајнштајн поради тоа што токму тој го смислил уште кога бил дете.
Совет: Направете го тестот кога сте смирени и не очајувајте доколку не можете да дојдете до решението.
Вовед:
5 куќи се обоени во пет различни бои и во секоја куќа живее личност од различна националност. 5-те сопственици на куќите пијат одреден пијалак, свират одреден инструмент и чуваат одредени домашни миленичиња. Ниту еден од сопствениците нема исто домашно милениче, инструмент или пијалак.
Врз основа на долунаведените податоци, одговорете:
Кој чува риби?
Познати податоци:
1. Британецот живее во црвената куќа.
2. Швеѓанецот чува кучиња.
3. Данецот пие чај.
4. Зелената куќа е лево од белата куќа.
5. Сопственикот на зелената куќа пие кафе.
6. Човекот кој свири виолина чува птици.
7. Сопственикот на жолтата куќа свири клавир.
8. Сопственикот на средната куќа пие млеко.
9. Норвежанецот живее во првата куќа.
10. Човекот кој свири труба живее покрај оној кој чува мачки.
11. Човекот кој чува коњи живее покрај човекот кој свири клавир.
12. Сопственикот кој свири хармоника пие пиво.
13. Германецот свири гитара.
14. Норвежанецот живее покрај сината куќа.
15. Човекот кој свири труба има сосед кој пие вода.
Постои само едно решение кое ги задоволува сите наведени услови.
.
.
.
.
.
.
Одговорот и постапката која води до решението може да ја погледнете во видеото: