Дека правилната исхрана помага за долготраен и квалитетен живот – одамна е познато, а вие дознајте кои намирници ќе ви подарат вечен живот. Се шегуваме, нормално, всушност кој би сакал да живее вечно. Но доколку сакате значително да го подобрите својот живот прочитајте го овој текст.
Авокадо
Иако некои луѓе го избегнуваат поради бројот на калории, тоа навистина не е потребно. Авокадото е многу хранливо и ќе ви помогне да се чувствувате сити заради големата концентрација на здрави масти и влакна. Можете да го јадете свежо, но исто така можете да го комбинирате и во повеќе јадења, салати.
Ореви
На кратко, јадете ореви и сочувајте го мозокот здрав! Истражувањата покажаа дека една порција јаткасти плодови на ден (особено ореви) игра значајна улога во превенција на Алцхајмерова болест, ја подобрува меморијата и ја намалува депресијата.
Грав
На оваа листа се најде и гравот кој е неверојатен извор на растителни протеини. Нема маснотии ниту холестерол, а богат е со растителни влакна, протеини, железо, магнезиум и калиум. Сето ова помага во заштита од прекумерена тежина, рак на дебелото црево, дијабетес и болести на срцето.
Кикирики
Слично како гравот и тие имаат многу хранливи материи. Богати се со протеини и незаситени масти. Содржат моќни антиоксиданси кои позитивно влијаат на кардиоваскуларниот систем.
Овесни снегулки
Ниту една храна не може да ви обезбеди се што ви треба во еден оброк но овесните снегулки дефинитивно треба да се на вашето дневно мени. Тие содржат раствориливи влакна и се добар избор на железо и витамин Б1.
Чај
Се козумира со векови, а особено е здрав зелениот чај. Тој е извор на полифеноли – антиоксиданси кои можат да ве штитат од неколку видови на рак, како и да го намалат ризикот од болести на срцето и мозочен удар.
Бадеми
Можете да ги вклучите во исхраната како ужинка, наместо чипс и солени грицки, но и во секојдневните оброци. Тие се добар избор на влакна, а содржат и калциум и цинк за коските и подобрување на имунолошкиот систем.