19-годишниот студент кој со јајце го гаѓаше францускиот претседател, Емануел Макрон, додека тој беше гостин на меѓународниот гастрономски саем во Лион, беше префрлен во психијатриска институција.
Студентот, чие име не се открива, беше уапсен веднаш по инцидентот и беше подложен на психијатриски преглед, по кој се заклучи дека пациентот има недостаток на расудување.
Уапсениот поради тоа е префрлен во психијатриска установа во Лион, изјави локалното обвинителство. Макрон беше погоден од јајце што му падна на рамото и не се скрши. Ако има нешто да ми каже, нека дојде, рече Макрон по инцидентот.
Овој инцидент се случи за време на посетата на Макрон на штандовите на Меѓународниот саем за угостителство, хотелиерство и храна (СИРХА).
Францускиот претседател беше топло пречекан од експертите на саемот во Лион, и многумина и му се заблагодарија за обезбедувањето државна помош за индустријата за време на пандемијата на коронавирус.
За потсетување, во јуни, еден граѓанин му удри шлаканица на претседателот на Франција, кога тој беше во посета на град во северозападниот дел на земјата.
A protestor slaps Macron in the face in the city of Tain, shouting “down with Macron” pic.twitter.com/Pnzs1HxNqD
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) June 8, 2021