Сакала фотографија од Новак одблиску: Ѓоковиќ ѝ ја исполни желбата и ја оставил без зборови (Видео)

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во осминафиналето на АТП Мастерсот во Синсинати, откако на почетокот на вториот сет поради повреда, мечот му го предаде Алехандро Давидовиќ-Фокин.

Шпанецот се мачел со грбот, па решил да не го продолжи натпреварот и да ризикува со влошување на состојбата.

Google search engine

Во текот на првиот сет тој побарал тајмаут и помош од физиотерапевтот. Откако Алехандро заминал во соблекувалната, Новак ја искористил приликата за да се забавува со публиката.

Имено, бидејќи ситуацијата се одолговлекла, Новак повторно излегол на теренот да се загрее, а една американска дама од трибините решила да го фотографира Ѓоковиќ одблиску.

Таа дошла во првиот ред и го вперила телефонот кон Новак, а кога Србинот го видел тоа – ѝ позирал. Жената се воодушевила од таквиот потег на Новак, кој ѝ испратил и бакнеж кон камерата.

Кога завршила со фотографирањето, ги кренала рацете нагоре, веројатно сè уште не верувајќи дека го постигнала тоа што го сакала, а публиката тоа го поздравила со аплауз.