На социјалните мрежи во Косово беше објавена видеоснимка од брутален напад на маж врз три девојки во Приштина.
Според информациите, овој напад се случил сред бел ден, а на почетоот на снимката се гледа како трите девојки стојат пред салон, за масажа каде работат.
Според локалните медиуми, една од нападнатите девојки изјавила дека напаѓачот бил незадоволен клиент на салонот, кој наводно „побарал услуга повеќе од обична масажа“ и бил одбиен.
Косовската полиција соопшти дека трага по насилникот.