Франческо Тоти, капитенот на Рома кој веќе со години живее во брак со атрактивната Илари Бласи, се сетил на нивниот прв состанок.
Тоти признал дека бил блиску до одлуката повеќе никогаш да не ја види сегашната сопруга која му родила три деца.
„Отидовме до ресторан кој тогаш беше единствено отворен. Дојдов по неа со Ферари и пред ресторанот силно ја отвори вратата и го удри ѕидот пред нас. Можев да ја убијам во тој момент, но се преправав како ништо да не се случило“, порачал Тоти.
Тие двајца се во брак од 2015-та година, а Илари пред бракот се занимавала со глума и работела како топ модел.
Принцот на Рома своевремено зборувал и за сексот во бракот и сите ги насмејал:
„Секогаш сум за опцијата да ја преземам иницијативата во кревет. Сакам секс секој ден по цел ден. Меѓутоа, мојата сопруга постојано се жали на главоболка. Кога сè ќе пресметаме, имаме секс трипати неделно. Тоа и не е така лошо“, рекол Тоти.
На провокациите дали неговата сопруга понекогаш глуми оргазам, Тоти самоуверено одговорил:
„Не знам, можеби. Но Франческо Тоти никогаш не потфрлил во кревет“, заклучил самоуверено ‘Принцот на Рома’.