Федералната трговска комисија (FТC) во Соединетите држави и скоро сите држави во САД поднесоа тужба против Facebook за наводите дека компанијата го прекршила законот за монопол и можеби треба да биде фрагментирана, пренесува Reuters.
Facebook станува втора голема технолошка компанија што се соочува со голем правен предизвик оваа есен.
Во нивната жалба, коалицијата од 46 држави, вклучително и Вашингтон и Гуам, исто така, побара аквизициите на Facebook во Instagram и WhatsApp да бидат прогласени за незаконски.
„Скоро една деценија, Facebook ја користеше својата доминација и монопол за да ги уништи помалите конкуренти, да ја расчисти конкуренцијата и сето тоа на штета на секојдневните корисници“, рече јавниот обвинител на Њујорк, Летиција Џејмс.
Според неа, компанијата користела големи суми за да добие такви конкуренти пред тие да можат да ја загрозат нејзината доминација.
Facebook соопшти дека ги проценува жалбите од FТC и државните антимонополски власти. Компанијата додаде дека владата „сака да направи нов експеримент, без оглед на последиците што ќе ги има преседанот за пошироката деловна заедница или луѓето кои ги избираат нашите производи секој ден“.
Министерството за правда на САД го тужеше Google во октомври, обвинувајќи ја компанијата за околу 1 трилион долари, при користење на својата пазарна моќ за расчистување на конкурентите.
Судските процеси се најголеми случаи на монопол за една генерација и се споредливи со случајот против Microsoft Corp. од 1998-ма година. На крајот, федералната влада се откажа од тужбата, но долготрајната правна битка и вниманието на антимонополските власти не и дозволија на компанијата да расчисти со конкурентите и се верува дека го отвори патот за експлозивен раст на интернетот.
По веста, акциите на Facebook паднаа за 3%.