САД добија нов национален празник

Во Претставничкиот дом на американскиот конгрес, републиканците и демократите со големо мнозинство гласаа за воведување нов федерален празник, 19 јуни.

Празникот е во спомен на ослободувањето на последните робови во Тексас во 1865 година.

Google search engine

Конгресот вчера го одобри предлог-законот за нов федерален државен празник со 415 гласа „за“ и само 14 „против“, додека ден претходно беше едногласно одобрен во Сенатот, а се очекува денеска да го потпише американскиот претседател Џо Бајден.

Џунтинт, (на англиски јазик комбинација од јуни и бројот деветнаесет, претходно беше официјализиран во некои држави во САД, вклучувајќи го и Тексас, кој официјално го прогласи за празник во 1980 година, но досега не беше државен празник.