Русокосата им пркоси на сите закони на стареење, а поради фотографиите во бикини луѓето мислат дека го има еликсирот на младоста

Една од најзгодните дами во култната серија „Чувари на плажата“ беше и русокосата Дона Марко, чиј лик го толкуваше убавата актерка Дона Дерико жената за која што очигледно времето запрело.

Без оглед на тоа што поминаа повеќе од 20 години од снимањето на серијата, Дона и натаму изгледа апсолутно исто. Лицето, телото – сè е на свое место, баш како што тоа некогаш било, иако дамата има 53 години.

Google search engine

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donna D’Errico (@donnaderrico)

Таа неодамна тоа го докажала со низа фотографии кои ги споделила на Инстаграм на кои што со самодоверба позира во минијатурно бикини.

Дона често споделува провокативни фотографии, а тоа ја воодушевува публиката ширум светот. Јасно е дека користи и некои филтери на фотографиите, но сепак и на папарацо фотографиите таа изгледа неверојатно.

Дона не крие дека својот млад изглед им го должи на операциите, па во 2017-та година снимила и документарен филм во кој што открила дека има лифтинг на рацете, потоа липосукција и „средување“ на стомакот, но и задникот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donna D’Errico (@donnaderrico)

„Родив две деца и имам 49 години. Слабеев и се дебелеев. Сакав повторно да изгледам убаво и сигурно во себе“, изјавила таа пред неколку години.

Нејзината фигура е неверојатна, витка и затегната.

Инаку, таа во 2019-та година се забавувала со милионерот Доналд Фрајс Џуниор, а парот практично бил неразделен, но сепак ставиле точка на тој нивни однос. Пред него таа 11 години била во брак со Ники Сикс со кој што има син и ќерка.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donna D’Errico (@donnaderrico)

Дона во 2017-та година ја шокираше јавноста кога призна дека била силувана на 22 години кога нејзиниот злоставувач ја силувал во автомобил, а потоа среде шума ја оставил гола.

„Никогаш никому не сум кажала поради тоа што се срамев од тоа. Се обвинував себеси поради начинот на кој бев облечена“, изјавила таа тогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donna D’Errico (@donnaderrico)