Рускиот кардиолог Мјасников советува: „Доколку сакате здраво срце, овие намирници што побрзо внесете ги во редовната исхрана“

Консумирањето здрави намирници е клучно за зачувување на здравјето на целиот организам, од превенција и лекување разни вируси, до продолжување на животниот век, истакнува рускиот доктор Александар Мјасников.

Тој е признаен кардиолог, а секој негов кажан збор се слуша со внимание.

Google search engine

На прашањето како подолго време да бидете здрави, тој рекол: „Докажано е дека одредена храна има поволно дејство на нашиот организам, па самото тоа ни помага подолго да живееме. Исто така голема улога има и генетиката, но многу е важно да се храните правилно“.

Ова се шест намирници кои ги препорачува докторот:

1. Зеленчук

Меѓу зеленчукот кој го издвојува е карфиолот и брокулата. Доколку често се консумираат, се активира системот за детоксикација. Зеленчукот ги намалува и шансите за настанување на малиген тумор.

2. Овошје

За да имате здарв и долг живот и да спречите кардиоваскуларни болести потребно е секојдневно да јадете по две порции овошје. Истражување покажало дека овошјето и зеленчукот ја намалуваат шансата од смрт.

3. Морски плодови

Незаситените масни киселини во морските плодови се спас за срцето, но и останатите органи. Исто така имаат и добри антиоксидантни својства.

4. Јаткасти плодови

Резултати од студија спроведена во 2020 година докажале дека замена за животински протеини со растителни протеини ја намалува смртноста.

5. Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи флавоноиди, а тие ја подобруваат циркулацијата и менталната будност. Истражување покажало дека тоа во голема мера може да го зајакне имунитетот.

6. Лук

На сите нас ни е познато колку лукот е здрав и лековит. Тој делува на крвните садови и значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести.

ПретходнаНека се подготви Одеса: Дали Русите го подготвуваат најголемиот десант во оваа војна?
СледнаМинистер за надворешни работи на земја членка на ЕУ бара Путин да биде физички ликвидиран: “Русите би го срушиле Кремљ да знаат што се случува”