Рускиот доктор Мјасников открива: 7 намирници кои можат да ви го продолжат животот, внесете ги во исхраната

Познатиот руски доктор и телевизиска ѕвезда, Александар Мјасников, дава совети кои можат да го продолжат вашиот живот.

Консумирањето здрави намирници е клучно за зачувување на здравјето на целиот организам, од превенции и лекување до продолжување на животниот век, истакнува познатиот руски доктор Мјасников којшто наброил производи кои го продолжуваат животот.

Google search engine

„Многу пати сме го спомнувале тоа, сме набројувале намирници, сме разговарале за половина килограм овошје и зеленчук“, објаснува Мјасников повикувајќи се на податоците на научните студии кои укажуваат на седум основни производи за одржување на рамнотежата во исхраната.

Седум намирници за подолг живот:

1. Зеленчук

Меѓу зеленчукот се издвојуваат карфиолот и брокулата. Доколку често се консумираат, се активира природниот систем за детоксикација. Зеленчукот ги намалува можностите од настанување на малигни тумори.

2. Овошје

За да имате долг и здрав живот и да спречите кардиоваскуларни болести и канцер, потребно е секојдневно да јадете две порции овошје и три порции зеленчук, објаснуваат докторите. Резултатите на истражувањата кои ги спровел тим од доктори откриле дека дневната потрошувачка на пет порции овошје и зеленчук е поврзана со помал ризик од смрт.

3. Морски плодови

Незаситените масни киселини во морските плодови помагаат во спречување на деменција, вели д-р Мјасников.

4. Риба

Месото и маслото од риба спречуваат создавање на крвни грутки, а тие се богати и со омега 3 масни киселини кои имаат многу добри антиоксидантски својства.

5. Јаткасти плодови

Јаткастите плодови се богати со омега 3 масни  киселини и витамин Е. Покрај тоа имаат антиоксидантски својства, магнезиум и растителни влакна. Руските доктори Елена Малишева и Андреј Продеус тврдат дека оваа суперхрана помага во продолжувањето на животот поради високото ниво на растителни протеини. И двајцата експерти се повикуваат на резултатите од студијата спроведена во 2020 година во која се заклучило дека замената на животинските протеини со растителни протеини ја намалува смртноста од било која причина.

6. Темно чоколадо

Темното чоколадо содржи флавоноиди. Ова хемиско соединение е познато по своите здравствени предности: подобрување на циркулацијата и ментална будност кај старите луѓе. Истражувачи од САД откриле дека можат да го зголемат имуниот систем токму преку консумирањето на темното чоколадо.

7. Лук

Лукот делува на крвните садови и значително го намалува ризикот од кардиоваскуларни болести. Без оглед на многуте здрави својства, прекумерното консумирање на оваа намирница и начинот на којшто се подготвува може да предизвика сериозни здравствени проблеми, затоа внимавајте.