Рускиот амбасадор во Полска полеан со црвена боја на церемонија додека положувал венец на гробиштата на советските војници

Рускиот амбасадор во Полска, Сергеј Андрејев, денеска бил полеан со црвена боја додека се обидувал да положи цвеќе на воените меморијални гробишта на советските војници во Варшава, Амбасадорот бил заедно со неговата сопруга и група дипломати кои го придружувале, пренесува ТАСС.

Амбасадорот не продолжил кон спомен-обележјето. Полицијата, која пристигнала на местото на настанот неколку минути подоцна, ги опколила дипломатите и им помогнала да стигнат до автомобилот.

Google search engine