Руски рецепт кој ќе ви ги спаси белите дробови во тек на респираторна инфекција – сите состојки ги имате дома

Доколку имате проблем со честа респираторна инфекција, имате астма, бронхитис или пак воспаление на белите дробови, облогата од зелка и мед секако дека може да помогне во превенцијата.

Во време на пандемијата, многумина се сетија на овој стар руски лек кој што го применувале и нашите баби, а за кој што многумина тврдат дека е делотворен.

Реклама

Иако не може да биде замена за лечењето со прописната терапија со лекови, тој секако дека ќе ги ублажи тегобите и болките и ќе помогне во закрепнувањето.

Потребно ви е:

Два лисја од свежа зелка, мед, врела вода и пластична кеса, пешкир или шал.

Што да правите?

Одвојте два или три лисја од зелката, доволно големи што ќе можат да ги покријат вашите гради (и грбот доколку кашлицата е јака). Лисјата прелијте ги со врелата вода и оставете да се загреат неколку минути.

Извадете ги, оставете да се исушат, па намачкајте ги со мед. Ставете ги на голите гради или грбот, па прекријте ги со пластичната кеса или фолија или пак облечете тесна маица, а потоа повторно замотајте се со пешкир за топлината подолго време да се задржи во вашето тело.

Најдобро облогата ставајте ја пред спиење и држете ја до утрото.

Совет:

Освен облогата, неопходно е да пиете многу вода, јадете храна како што е кромид, лук, ѓумбир, зеленчук, куркума.

Реклама