Руски одговор на „Rolls-Royce“ и „Bentley“: Погледнете ја лимузината на Путин вредна 245.000 долари

Новата лимузина на Владимир Путин, „Aurus Senat“ наскоро ќе се најде на улиците на градот. Вредна 245.000 долари, таа претставува руски одговор на моделите на „Rolls-Royce“ и „Bentley“.

Се произведува во рускиот погон на „Aurus“ од 2013 година, но дури сега започнало сериското производство и тоа во соработка со руската компанија „Nami“ со цел да се намали влијанието на западните брендови.

Google search engine

„Јас патувам во вакви возила и сум бил на возачкото седиште многу пати. Ова е навистина висококвалитетно возило кое ги исполнува сите светски стандарди“, изјави рускиот претседател пред неколку дена.

„Aurus Senat“ го придвижува 4,4-литарски V8 мотор развиен во соработка со „Porsche“. Автомобилот од 0 до 100 км/ч. стигнува за 6 секунди, погонот е на сите 4 тркала, а силата се пренесува преку 9-степен менувач.

Моделот има предна хромирана решетка и навистина потсетува на моделите на „Rolls-Royce“.

Во текот на 2021 година, компанијата „Aurus“ ќе произведе помеѓу 200 и 300 автомобили од овој модел, а почетната цена е 245.000 долари.