Руски научник кој работел на развојот на вакцината е пронајден мртов: Паднал од прозорец…

Истакнат руски научник кој работеше на развојот на вакцината против коронавирусот е пронајден мртов со убодна рана откако паднал од прозор на зграда во Санкт Петербург.

45-годишниот Александар Саша Кагански бил облечен само во долна облека кога паднал од прозорецот од својот стан на 14-ти кат, пренесува „Московски Комсомолец“.

Google search engine

Неговото тело било пронајдено на улица од сосед, а како што соопштија од локалната полиција, тој имал и убодна рана. Полицијата верува дека дошло до тепачка пред Кагански да падне од прозорецот.

Руската полиција соопшти дека смртта на научникот се истражува како можно убиство и дека во тек е испитување на 45-годишен маж како потенцијален осомничен.

Кагански работел како асистент професор во Владивосток, а 13 години работел во Шкотска. Неодамна работел како директор на Центарот за геномска и регенеративна медицина на рускиот Далекуисточен сојузен универзитет.

Руските медиуми пренесуваат дека Кагански активно учествувал во развојот на руската вакцина против коронавирусот.

- АУДИО РЕКЛАМА -