Руски народен рецепт за помлад изглед

Руската народна медицина содржи изобилство од благотворни рецепти, а еден од нив е секако и еликсирот за вечна младост.

Состојките од овој еликсир се сосема природни и докажано имаат лековито дејство врз организмот.

Потребни состојки:

– 10гр камилица
– 10гр коријандер
– 10гр невен
– 10гр цвет од бреза

Подготовка:

Промешајте ги сите состојки, а потоа прелијте ги со 500мл превриена вода.

Почекајте 20-тина минути додека чајот да се излади, по желба може да додадете и лажичка мед. Половина од приготвениот напиток испијте го наутро, а втората половина навечер.

Може да го чувате и во термос, за секогаш да биде доволно топол. Повторувајте ја постапката месец дена, а ако бидете задоволни од резултатите, направете пауза и може да ја повторите.

Овој еликсир поволно ќе влијае не само на вашиот тен, туку и на целиот организам и метаболизам, а резултатите ќе ги забележите многу брзо.