По референдумот – нападот на Донбас ќе биде напад врз Русија, објаснуваат руските медиуми по денешната изјава на Путин во која изјави дека Русија ќе ги поддржи референдумите за отцепување на територии од Украина и ќе ги прифати резултатите од истите.
По референдумот, напад на ослободените територии ќе се смета за напад врз Русија, изјави потпретседателот на Советот на Федерацијата, Константин Косачев, а Путин изјави дека е спремен да искористи нуклеарно оружје ако биде загрозена територијата на Русија. Дали ова значи дека нападот на Донбас после референдумот е всушност загрозување на територијата на Русија и тоа му дава зелено светло за користење на нуклеарно оружје?
„По референдумот, заштитата на луѓето во овој регион нема да биде наше право, туку наша должност. Нападот врз луѓе и територии ќе биде напад врз Русија. Со сите последици“, напиша сенаторот на својот канал на Телеграм.
Тој посочи дека повеќе нема да се зема предвид мислењето на Западот: признавањето или непризнавањето на резултатите од референдумот за слободните територии е чисто внатрешно мислење на американските политичари и нивните слуги, кои се плашат од претстојниот колапс на униполарниот свет“, смета рускиот сенатор.
„Во ист кош треба да се стават изјавите на Столтенберг и Борел со нивните ветувања дека НАТО нема да се шири и дека е само „одбранбен сојуз“, сигурен е законодавецот.