Извори за Дејли Мејл тврдат дека Русија користела шпион за да ја украде формулата за вакцината на Астразенека против коронавирус.
Тие ја украдоа формулата за да ја направат својата вакцина Спутник V и станаа првата земја што произведе ефикасна вакцина против ковид, тврди британскиот портал.
Безбедносни извори цитирани од Дејли Мејл тврдат дека московскиот крт успеал да украде тајни информации за вакцината – иако не е познато дали документот бил во лабораторија во Оксфорд или во фабриката на Астразенека, или украл шишенце со вакцина и го прошверцувал надвор од земјата за понатамошна анализа.
Се вели дека Спутник V е сомнително сличен со вакцината на Астразенека развиена во Оксфорд.
Министерот за внатрешни работи, Демијан Хиндс, не сакаше да ги коментира извештаите на медиумите, додавајќи: Фер е да се претпостави дека има некои странски земји кои постојано се обидуваат да добијат чувствителни податоци, вклучувајќи комерцијални и научни тајни и интелектуална сопственост, рече тој.
Шпиони на МИ5 претходно изјавија дека руски хакери постојано се обидувале да извршат хакерски напади врз Оксфорд, почнувајќи од март 2020 година. Некаде во тоа време, британските научници објавија дека Оксфорд и Астразенека започнале да работат на вакцина против корона, пишува Дејли Мејл.
Во април минатата година, Оксфорд и Астразенека објавија дека ќе започнат со првите тестови на луѓе. Еден месец подоцна, Москва објави дека тие развиле сопствена вакцина, а во август Путин им објави на Русите во ТВ-обраќање дека нивната земја победила во трката за вакцини и дека ја произведе првата вакцина против ковид -19.
Подоцна, според британскиот таблоид, традиционално нетолерантен кон Русите, се покажа дека Спутник V работи на ист начин како и британската вакцина. Ова се вирусни векторски вакцини, што значи дека користат друг заспан вирус за да извлечат имунолошки агенс што потоа го уништува коронавирусот.
Редоследот на настаните покажува дека Москва успеала да ја земе формулата за време на првите тестови на луѓе. Прашањето е кој би можел да биде кртот, како и дали се фатени.
Таблоидот Сан пренесува дека на британските министри им било кажано дека има докази дека шпиони што работеле за Кремљ ја украле нацрт -вакцина тапротив коронавирус од мултинационална фармацевтска компанија со цел да направат сопствена вакцина.
Ториевецот Боб Сили, експерт за руска политика, вели: Мислам дека треба сериозно да се справиме со руските и кинеските шпиони. Без разлика дали тоа е крадење на формулата за вакцината Астразенека или уценување со извори на енергија, време е сериозно да се справиме со нив.
Конзервативецот Ендрју Бриджен додава: Знаеме дека Британија ги има најдобрите научници и истражувачки центри, но Русија веројатно ги има најдобрите шпиони.
Руската вакцина помина две клинички испитувања во Москва, а резултатите од тие тестови беа објавени во престижниот магазин Лансет, во кој се наведува дека руската вакцина е безбедна и ефикасна. Од друга страна, западните научници веруваат дека бројот на тестирани бил премногу мал за да се каже со сигурност дека вакцината е безбедна.