Руската нафта ја подели ЕУ: Кој зависи од Русија не е за санкции! Овој потег на Москва може да ги активира

Министрите за надворешни работи на Европската унија во понеделникот не се согласиле околу тоа дали или како да се воведат санкции на енергетскиот сектор на Русија поради нејзината инвазија на Украина, при што Германија рекла дека блокот е премногу зависен од руската нафта за да донесе одлука за ембарго.

ЕУ и сојузниците веќе вовеле низа мерки против Русија, вклучувајќи замрзнување на средствата на нејзините централни банки.

Google search engine

Но целење на руската нафта, како што направиле САД и Британија, претставува избор кој предизвикува поделба меѓу 27-те членки на ЕУ, која се потпира на Русија за 40 проценти од својот гас. Некои во понеделникот тврделе дека ЕУ повеќе не може да го избегнува тој чекор.

„Гледајќи ги сегашните размери на уништување во Украина, многу е тешко да се тврди дека не би требало да се занимаваме со енергетскиот сектор, посебно со нафтата и јагленот“, рекол ирскиот министер за надворешни работи Сајмон Ковени пред состанокот со колегите, повторувајќи ги коментарите од балтичките држави.

Но, Германија и Холандија рекле дека ЕУ е зависна од руската нафта и гас и дека не може да ги исклучи утре.

„Прашањето за нафтеното ембарго не е прашање дали сакаме или не сакаме, туку е колку зависни од нафтата“, рекла германската министерка за надворешни работи Аналене Бербок.

 

„Германија увезува многу руска нафта, но има и други земји членки кои не можат да го сопрат увозот од ден во ден. Да можевме, ќе го направевме тоа автоматски“, рекла таа и додала дека блокот наместо тоа треба да работи на намалување на својата зависност од енергентите на Москва.

Дипломатите предупредиле дека енергетиката е еден од најсложените сектори за санкционирање бидејќи секоја земја на ЕУ има свои црвени линии. „Санкциите се експоненцијални“, рекол еден дипломат. „Колку подалеку одите, толку е потешко да ги усвоите“. Дипломатите рекле дека напад на Русија со хемиско оружје или тешко бомбардирање на главниот град Киев би можеле да бидат причина за енергетско ембарго.

Рекле дека, додека некои земји сакаат ембарго за нафта, Германија и Италија, кои зависат од рускиот гас, се откажуваат поради веќе високите цени на енергијата. Санкциите на јагленот за некои се црвена линија, вклучувајќи ги Германија, Полска и Данска, додека за други, како Холандија, нафтата е недопирлива.

Самата Москва предупредила дека таквите санкции би можеле да поттикнат затворање на гасоводот кон Европа, што е единствен потенцијален фактор за одвраќање.

На состанокот на министрите за надворешни работи, прв во напорната седмица разговори во Брисел, не се очекувала одлука за потенцијални енергетски санкции.

- АУДИО РЕКЛАМА -