Руската амбасада во Загреб под „опсада“: Илјадници Хрвати бараат да се вакцинираат со Спутник V

Стотици Хрвати секојдневно се обраќаат во Руската амбасада во Загреб за информации околу набавувањето на руската вакцина против коронавирусот Спутник V.

Секој ден во руската амбасада тие одговараат на десетици и десетици барања од хрватски граѓани, и по телефон и по е-пошта, за тоа како да ја набават својата вакцина. Граѓаните прашуваат дали можат да дојдат и да се вакцинираат во Амбасадата или дали можат таму да ја купат вакцината. Заинтересирани се каде и како можат да ја набават вакцината воопшто, а некои луѓе сакаат да знаат дали можат едноставно да купат билет, да се упатат кон Русија и таму да го примат Спутник V.

Google search engine

„Секако дека би сакале да помогнеме, но не вакцинираме или набавуваме вакцини. Руската амбасада во Хрватска, како дипломатска мисија и во рамките на нејзините надлежности, не смее да се занимава со набавка, испорака, дистрибуција и продажба на вакцини. Исто така, не е можно да се оди во Русија затоа што таму во моментов вакцинираат само руски државјани“, велат од Амбасадата, а таквата порака ја пренесуваат и на граѓаните,пишува Вечерњи лист.

За увоз на какви било лекови во Република Хрватска потребни се соодветни дозволи од државните органи и надлежните институции на Европската унија, додаваат тие. Амбасадата е подготвена да вложи максимални напори за интензивирање на билатералниот дијалог и за решавање на прашањето за испорака на вакцини од руско производство што е можно поскоро, доколку има иницијатива на хрватските власти.

„За жал, досега не добивме никакво официјално барање од хрватска страна во врска со набавка на руски вакцини“, велат од амбасадата.

Дури и тие сè уште не се вакцинирани – тие не одат во Русија поради проблеми со директно патување, а од друга страна, хрватското Министерство за надворешни и европски работи испрати нота до странските дипломатски мисии на 29 јануари, во која се вели дека претставници на дипломатскиот кор во Хрватска и сите странски државјани кои престојуваат на територијата на Хрватска да се вакцинираат според распоредот за вакцинација во Хрватска, во кој најпрво спаѓаат медицински работници, жители на домови и лица над 65 години и ранливи групи.

Големиот интерес на Хрватска, но и на руските граѓани кои престојуваат во Хрватска, за руската вакцина се појави по објавувањето на резултатите од третата фаза на клиничкото испитување на Спутник V во Лансет на 2 февруари, пренесува Вечерњи лист.