Русите воведуваат контроверзен закон: Полицијата ќе ја добива локацијата на граѓаните преку нивните телефони, без судски налог

Русија го обнови предлог законот кој ѝ овозможува на полицијата да пристапи до податоците за мобилната локација на граѓаните без судски налог.

Законот кој прв пат се разгледуваше во парламентот во 2019-та година, а сега го ажурираше министерството за дигитален развој, ја олеснува потрагата по исчезнатите лица, образложено е во нацртот.

Google search engine

Новиот нацрт закон појаснува дека согласност на граѓанинот или судска нареба би им биле потребни на властите за да пристапат до содржината на пораките или разговорите, но не и за геолокацијата која би ја обезбедиле телеком операторите.

Од руското министерство тврдат дека со предлог законот не се прекршуваат правилата за приватноста.

„Нацртот е во склад со законодавството за личните податоци, затоа што координатите на геолокацијата не се лични податоци“, изјави заменик министерот за дигитален развој на Русија, Олег Иванов.

„Ако законот биде усвоен, агенциите за спроведување на законот лесно би можеле да проверат со кого било одредено лице, во кое време и колку долго“, изјави Артем Козљук, шеф на веб страницата која ја надгледува интернет слободата во Русија.

- АУДИО РЕКЛАМА -