Русите објавија видео од подготовките за нападот врз мостот

Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) ја обвини Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина дека стои зад експлозијата на мостот на Крим.

Како што се наведува во соопштението, во врска со нападот се приведени пет државјани на Русија, тројца државјани на Украина и Ерменија.

Google search engine

ФСБ објави фотографии од осомничените за нападот.

А беа објавени и видеа на кои наводно се гледа како се подготвува нападот.

ФСБ објави дека, заедно со Истражниот комитет на Руската Федерација, е утврдено дека организатор на терористичкиот напад на мостот на Крим бил главниот разузнавачки оддел на Министерството за одбрана на Украина, неговиот шеф Кирил Буданов, вработени и агенти.

Како што наведоа, експлозивната направа била камуфлирана во ролни полиетиленскa фолија на 22 палети со вкупна тежина од над 22 тони, а на почетокот на август била испратена од пристаништето Одеса во бугарскиот град Русе. Во карго превозот учествувале државјани на Украина, Грузија и еден државјанин на Ерменија. Приведени се пет државјани на Русија, тројца државјани на Украина и на Ерменија, кои учествувале во подготовката на делото.

ФСБ тврди дека експлозивите што предизвикале уривање на дел од мостот биле испратени од Одеса преку Бугарија, Грузија и Ерменија.

Стигна реакција од Украина: „Глупост“

Висок украински функционер ја отфрли како „глупост“ руската истрага за експлозијата минатиот викенд, која сериозно го оштети мостот што го поврзува руското копно со полуостровот Крим.

„Целата активност на ФСБ и Истражниот комитет е бесмислица“, изјави портпаролот на министерот за внатрешни работи Андриј Јусов на прашањето за обвинувањата на Москва за експлозијата на мостот на Крим. Јусов ги опиша ФСБ и Истражниот комитет како „лажни структури кои му служат на режимот на Путин, така што дефинитивно нема да ги коментираат нивните следни изјави“.