Руските медиуми објавиле фотографии како доказ дека Киев користи синагоги како пунктови за собирање и пренос на оружје.
Како што наведуваат, доказите им ги пратил припадник на еврејската заедница.
„Режимот на Зеленски за таа цел ја користел зградата на новата градска синагога, која се наоѓа во Уман на улицата Шошењ број 1“, наведуват.
Фотографиите настанале на 21-ви март, а оружјето и муницијата во зградата на синагогата ги внесувале во кеси за градежен отпад.
Истовремено, за превоз на националистите и странските платеници од западните региони во Украина се користат автобуси кои имаат бои на училишни возила со соодветни ознаки – “Деца”, наведуваат.