Русинот кој одглумил смрт поради коронавирус во метро во Москва е лишен од слобода, а сега му се заканува затворска казна.
Младото момче со маска на лицето се срушило во вагонот додека се возел во една од најпрометните линии на московското метро, а потоа почнал да се тресе. Неколку мажи се приближиле за да му помогнат, но потоа почнале да бегаат извикувајќи: “Корона, корона!”.
Оваа глетка ги шокираше останатите патници, кои исто така почнале да бегаат откако пристигнале на следната станица, а тоа претставуваше ризик од стампедо и повреди.
Сето тоа било снимено со камера, бидејќи станувало збор за шега која ја снимал блогерот Каромат Џаборов со своите пријатели.
Снимката пристигнала до полицијата, а Џаборов и неговите пријатели се осомничени за хулигантство, бидејќи намерно предизвикале паника. Казните за овој вид прекршок се сериозни, а максимум можат да се добијат пет години затвор.
Џаборовдознал дека е осомничен па сам се предал. Неговиот адвокат рекол дека Џаборовне знаел дека видеото ќе резултира со толку остри последици и дека намерите биле со добра цел, односно да се привлече вниманието на заштитните маски, проблемот со коронавирусот и потребата луѓето да се заштитат.