Русија: Во Мариупол опколивме 400 платеници, повеќето од Европа и Канада

Руското Министерство за одбрана тврди дека руските сили во Мариупол опколиле до 400 странски платеници кои се борат на украинската страна, пренесува руската агенција РИА Новости.

„Севкупно, според информациите што ги добивме од украинските војници кои се предале, до 400 странски платеници сега се опколени на територијата на фабриката Азовстал“, изјави на брифингот генерал-мајор Игор Конашенков, портпарол на Министерството за одбрана.

Реклама

„Тие зборуваат 6 јазици“

Повеќето од нив се државјани на европските земји и на Канада, рече рускиот генерал, додавајќи дека платениците немаат заштитен статус според меѓународното хуманитарно право.

„Сега, во најдобар случај, ќе се соочат со долги затворски казни“, рече тој.

„Претходно објавивме дека разговорите меѓу милитантите во Мариупол се водат на шест странски јазици. Во случај на понатамошен отпор, сите ќе бидат уништени“, рече Конашенков.

Реклама