Русија прави замена за популарната социјална мрежа “Instagram”, се вика “Росграм”

Руските технолошки експерти се подготвуваат да основаат апликација за споделување на фотографии за домашниот пазар откако во Русија бил изгасен “Instagram”.

Новата апликација со име “Росграм” ќе започне с работа на 28-ми март и ќе има дополнителни функции како платен пристап за одредени содржини.

Google search engine

Руската државна регулаторна агенција “Роскомнадзор” на почетокот на минатата недела го блокирала пристапот до “Instagram” откако матичната куќа на таа социјална мрежа “Meta” објавила дека ќе им дозволи на корисниците во Украина да поставуваат пораки како “Смрт за рускиот окупатор”.

“Meta”, која е сопственик и на “Facebook”, соопштила дека привремената промена во политиката за говор на омраза важи само за Украина по започнувањето на специјалната воена операција на руската војска.

Русија, која забранила и работа на “Facebook”, поднела кривична пријава против “Meta”, а обвинителството од судот побарало американскиот технолошки гигант да се прогласи за екстремистичка организација.