Русија праќа повеќе од 100.000 војници на украинската граница

Повеќе од 100.000 руски војници се собраа по должина на украинската граница и во анектираниот Крим, соопшти кабинетот на европскиот министер за надворешни работи Џозеп Борел по состанокот меѓу европските министри за надворешни работи и украинскиот колега.

Борел вчера на прес-конференција зборуваше за повеќе од 150.000 војници, одбивајќи да го открие изворот за таа бројка. Неговата канцеларија потоа објави исправка без да дава дополнително објаснување за новиот, помал број од над 100.000 војници.

Google search engine

Американски официјален претставник, кој зборуваше за „Ројтерс“ под услов да не се открива неговиот идентитет, рече дека Русија собира десетици илјади војници, но не му е познато дека станува збор за повеќе од 150.000 војници.