Русија објави листа од непријателски држави, на неа и Македонија

Владата ја одобрила листата од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, руските компании и граѓани.

Владата на Руската Федерација одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, соопштено е од прес-службата на Кабинетот на министерството.

Google search engine

„Владата одобрила листа од странски држави и територии кои вршат непријателски акции против Русија, руските компании и граѓани. Наредбата за тоа е потпишана“, се наведува во соопштението.

Како што се истакнува, листата ја вклучуваат Австралија, Андора, Албанија, Велика Британија, земјите членки на ЕУ, Исланд, Канада, Лихтенштајн, Микронезија, Монако, Македонија, Нов Зеланд, Норвешка, Јужна Кореја, Сан Марино, Сингапур, САД, Тајван, Украина, Црна Гора, Швајцарија и Јапонија.

Претседателот на Русија во саботата потпишал указ според кој руската влада во рок од два дена треба да утврди список на земји кои преземаат непријателски акции против Русија.